Новите Samsung чипови поддржуваат брзо полнење од 100W со USB Type-C кабел

од desk4
89 прегледи

Батериите се клучна компонента на мобилните уреди и имаат водечка улога во изборот на нов
модел од потрошувачите. Токму поради тоа водечките компании, кои произведуваат смартфони со
Android, се натпреваруваат да ни обезбедат повеќе време за работа со едно полнење. Иновативни
технологии како Quick Charge 4.0 и Huawei Super Charge овозможуваат за кратко време да
напојуваме голем дел од капацитетот на батеријата и стануваат се попопуларни во целиот свет.


Samsung продолжуваат да бидат еден од најголемите производители на хардвер за смартфони и
сега претставија официјално два нови чипови кои се викаат SE8A и MM101. Овие модули се
базирани на USB-C Power Delivery (PD) протоколот и се наменети за употреба во адаптерите за
полнење. Поддршката на спецификацијата значи дека контролер чиповите на Samsung се во
можност да полнат уреди со максимална моќност од 100W (20V / 5A), пријави АndroidAuthority.

Двата чипови се доволно „паметни“, за да комуницираат со поврзаните уреди и да разберат колку
енергија им треба на секој од нив. Размената на овие информации им овозможува на SE8A и
MM101 да одберат стандардно или брзо полнење за да ја обезбедат потребната моќност. Новите
модули поддржуваат eFlash, кој обезбедува можност за дистрибуирање на надградби на фирмверот
и може да се користи на паметни телефони, таблети и монитори од страна на производителите.