Новицки достигна 50.000 минути во НБА

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Дирк Новицки продолжува да пишува историја и изминатава ноќ Германецот запиша уште нешто, кое малкумина пред тоа го сториле.

Легендата на Далас Маверикс стана шестиот кошаркар кој доаѓа до границата од 50.000 минути во НБА, што се случи при поразот од Л.А. Клиперс со 101:104.

Дирк имаше потреба само од 7 минути, но забележа цели 25 и така влезе во друштво на Карим Абдул-Џабар, кој го држи рекордот со 57.446 минути, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс.

„Среќен сум што немав сериозни повреди во мојата кариера. Имаше, се разбира, пречки што требаше да ги надминам, но во целина, шансите беа на моја страна. Особено во првите години од мојата кариера, навистина играв многу“, рече крилото кое постигна 12 поени.

Факт е дека по првата година, за наредните 11 сезони, тој пропушти само 29 натпревари, запишувајќи по над 37 минути на натпревар. Само двапати во својата 20-годишна кариера тој не играл на повеќе од 9 натпревари за една сезона. Во 2012-13 пропушти 29 натпревари, а во 2016-17 уште 28.

Дирк сепак не успеа да се израдува целосно од постигнувањето, бидејќи неговиот тим испушти предност од 101: 91 и не постигна кош во последните 4:42 минути на натпреварот.

Со скор од 17-37, плејофот е недостижен за тимот од Тексас, додека со 27-25, Клиперси ќе бркаат место во нив.

Резултати од НБА:

Детроит – Портланд 111: 91
Индијана – Вашингтон 102: 111
Мајами – Орландо 109: 111
Њу Орлеанс – Јута 109: 133
Денвер – Шарлот 121: 104
Сакраменто – Чикаго 104: 98
Лос Анџелес Клиперс Далас 104: 101.

Слични содржини