Ново чудо во Турција: Момче спасено од урнатините по 260 часа! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Уште едно чудо се случи во Турција откако 12-годишно момче беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, дури 260 часа по разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните провинции на Турција.

Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на зграда во населбата Екинци го извлекоа момчето Осман Халебија, странски државјанин.

Момчето било живо извлечено од урнатините дури 260 часа, односно речиси единаесет дена по разорните земјотреси.

По спасувачката акција малото момче со возило на Брза помош било пренесено во болница.

Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето од под урнатините.

Фото: Anadolija/Hatay MKÜ Hastanesi

Слични содржини