Ново драматично предупредување од СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека пандемијата на коронавирус расте експоненцијално.

Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот на пациенти и смртни случаи во наредните недели, и покрај сите напори да се стави пандемијата под контрола со забрзаната вакцинација. Според најновите податоци, преносот на вирусот воопшто не се намалува со посакуваната брзина.

Врвните официјални лица на СЗО веруваат дека светот е во критична точка поради експоненцијалниот раст на бројот на заразени, и покрај нивните напори од страна на државите и нивните влади да го спречат ширењето на ковид 19.

На последната панел дискусија на СЗО одржана во понеделникот во Женева, било соопштено дека бројот на нови случаи на коронавирус ширум светот достигнал загрижувачко ниво.

„Се наоѓаме во критична точка во врска со пандемијата“, беше речено на дискусијата, која исто така посочи дека околу 4,4 милиони нови случаи се регистрирани минатата недела.

„Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме кога имаме широко распространети мерки. Сега е време кога секој од нас треба да застане и да се запраша што треба да направиме“, велат експертите на СЗО.

Слични содржини