Ново големо засилување доаѓа во Евертон

од Nikola Popovski
403 прегледи

Нов играч на Евертон наскоро ќе стане Деле Али, пренесува Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се трансферите во прашање.

Евертон го доведува Али бесплатно, но на основа на бонусот Тотенхем ќе заработи околу 40 милиони евра. Евертон се обврза да му плати на Тотенхем 12 милиони евра откако Али ќе одигра 20 натпревари во дресот на „карамелите“, а трансферот вклучува и бонуси кои треба да се реализираат во наредните години.

Договорот е потпишан до јуни 2024 година, а Али ќе биде второто засилување што ќе пристигне на „Гудисон“ по барање на Френк Лампард. Во неделата беше договорена позајмицатта на Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед.

Али последниот настап во Премиер лигата го одигра на 28 декември кога против Саутемптон одигра 62 минути, а на последниот натпревар против Челзи не беше ниту во протоколот, па заминувањето од тимот на Антонио Конте беше логична последица на околностите.

Слични содржини