Ново истражување: На оваа возраст луѓето стануваат СТАРИ

од Vladimir Zorba
254 прегледи

ГОДИНИТЕ се само бројка, а ние сме стари колку што старо се чувствуваме. Ова се реченици кои сакаме да ги повторуваме и веројатно има нешто во нив, но научниците решија да истражат која година е пресвртница, односно во кои години луѓето официјално почнуваат да се сметаат себеси за стари.

Една нова студија покажа дека староста не започнува додека не наполниме 76 години. Нашите баби и дедовци се чувствуваат најмалку 12 години помлади отколку што се всушност, покажа друга студија на Treasure Trails. Се покажа дека современите пензионери не веруваат дека се всушност стари додека не навлезат длабоко во 70-тите.

Повеќе од една третина од анкетираните пензионери (38% од нив) инсистираат на тоа дека староста не започнува пред 80-годишна возраст, а 46% велат дека се чувствуваат поспособни од нивните родители на иста возраст. 40% од нив тврдат дека „шеесеттите се нови четириесетти“ и секој десетти анкетиран пензионер верува дека има повеќе енергија и од нивните деца.

Тајната на долговечноста е во дружењето со внуците?

Многумина од нив причината за својот ентузијазам ја пронашле во поминувањето време со своите внуци.

Секој петти вели дека играњето со внуците помага да се одржи младоста, а две третини (64%) веруваат дека решавањето различни загатки, квизови и тестови им помогнало да останат ментално стабилни. 28% од луѓето на возраст над 60 години вежбаат три или повеќе пати неделно, според студијата спроведена во Велика Британија.

Слични содржини