Ново истражување во Германија носи лоши вести за Меркел

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Германската социјалдемократска партија (СПД) останува со 32% поддршка, заостанувајќи само за еден поен зад демохристијаните  на канцеларот Ангела Меркел, пренесува Reuters, повикувајќи се на анкета на компанијата “Форс”.

Антимигрантската партија “Алтернатива за Германија” добива 9% од гласовите, “Зелените” и “Левите” по 7%, додека Партијата на слободните демократи – 6%.  Во истражувањето е спроведено меѓу 6 и 10 март меѓу 2505 гласачи и процентот на статистичката грешка е 2,5%, прецизира “Фокус”.