Ново истражување открива причина која ја зголемува утринската мигрена

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат мигрена.

Лошиот квалитет на сон го зголемува ризикот од утринска мигрена за 22 отсто

Нова студија покажа дека ноќ со лош сон го зголемува ризикот од утринска мигрена за 22 отсто. Тие тврдат и дека ниската енергија претходниот ден го зголемува ризикот од мигрена за 16 отсто.

Сепак, лошиот сон и слабата енергија не го зголемија ризикот од попладневни главоболки. Наместо тоа, стресниот ден со многу енергија го зголемува ризикот од мигрена подоцна во текот на денот за 17 отсто. Овие наоди сугерираат дека времето кога се јавува мигрената може да ни помогне да ја откриеме нејзината основна причина.

Речиси 500 луѓе на возраст меѓу седум и 84 години (од кои 61 отсто се идентификувани како жени) учествуваа во двонеделното истражување. За да ги измерат резултатите, тие носеле специјални уреди кои ја мерат активноста за време на спиењето.

Воделе и дигитални дневници за скокови на енергија, стрес, анксиозност и општо расположение.

Оваа студија не открила поврзаност помеѓу анксиозноста, депресијата и ризикот од мигрена. Тоа не значи дека проблемите со менталното здравје не можат да придонесат за главоболки, но се чини дека тоа не било случај меѓу луѓето во оваа група, пишува Mind Body Green.

Затоа е важно да се фокусирате на квалитетен сон, без разлика дали страдате од мигрена или не. За оптимално функционирање на мозокот неопходен е долготраен и квалитетен ноќен одмор.

Слични содржини