1,2K
Последиците од следењето на војната во Украина може да предизвикаат симптоми на депресија, покажува меѓународната студија објавена денеска од Универзитетот во Источна Финска.
Студијата, спроведена во Финска, Канада и Германија, покажа дека колку повеќе студенти ја следат војната, толку повеќе се јавуваат депресивни симптоми и мисли кои им пречат на нивната способност за учење и работа, пренесува „Ројтерс“.
Се вели дека целта на студијата била да открие како гледањето и следењето на војната во Украина е поврзано со стресните искуства на студентите и како размислувањето на оваа тема е поврзано со студирањето и работната способност и психолошката благосостојба.