Ново Лисиче и Аеродром добија струја по 15 часа

од Nikola Popovski
357 прегледи

Жителите на Ново Лисиче и Аеродром добија електрична енергија после 15 часа по вчерашниот дефект предизвикан од невремето што зафати делови од Скопје. ЕВН Македонија го санираше дефектот со поголемо доцнење, а се огласија дека станува збор за комплициран дефект кој бара повеќе работа.

Уште од вчера, Електродистрибуција соопшти дека екипите се излезени на терен и работат на решавање на проблемот.

Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Не работеа ниту семафорите на дел од крстосниците.

До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила.

Слични содржини