Натпреварот Манчестер Јунајтед и Брајтон. кој требаше да се одигра во сабота и официјално е одложен, соопштија од Премиер лигата.
Во сабота од 13 часот и 30 минути на програмата беше натпреварот од 18-тото првенство, но поради проблемите на Јунајтед со коронавирусот, натпреварот сепак е одложен.
„Здравјето на нашите играчи и персоналот е на прво место. Со оглед на бројот на играчи и членови на стручниот тим кои се во изолација, клубот немаше друг избор освен да бара преместување на натпреварот. Премиер лигата одлучи да го одложи натпревар врз основа на препораките на медицинските лица“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Клубот го додаде следново:
„Ние, исто така, ќе ги прекинеме тренинзите во тренинг комплексот Карингтон за краток временски период за да помогнеме во намалувањето на понатамошното пренесување на вирусот. Жалиме за разочарувањето и непријатностите што ова одложување им ги донесе на навивачите“, соопштија од „Олд Трафорд“.
The Premier League have confirmed that Saturday's fixture with Brighton has been postponed.#MUFC | #MUNBHA
— Manchester United (@ManUtd) December 16, 2021