Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,171 ден/кг.
Од 8.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,171 (денари/килограм).