Нови промени во цените на горивата, најави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од полноќ.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг.
Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 41,042 (денари/килограм)