Цигарите на тутунскиот комбинат Прилеп како и увозните цигари на Филип Морис од денеска со нови цени. Во малопродажбата се зголемуваат за 3 до 5 денари во зависност од марката.

Од комбинатот не дадоа коментар на што се должи поскапувањето кое му претходи на уште едно покачување кое ќе биде во делот на акцизиците и е закажано за јули, а ќе изнесува дополнителни три денари.
Според некои анализи Македонците дневно трошат околу 240 илјади евра на цигари или 80 милиони евра годишно. Во глобалната статистика Македонците се меѓу регионалните лидери, 37% од граѓаните пушат цигари, процент единствено повисок во Грција. Просечно во земјава се пушат по 2310 цигари годишно. 26% од учениците во македонските училишта пробале или се уште пушат цигари.
Се смета дека 21% од сите смртни случаи на лица меѓу 35 и 69 години се предизвикани од цигари.
Пред две години во рамки на центрите за јавно здравје се отворија советувалишта за откажување од пушење. Во2015-та ги посетиле околу 500 луѓе од кои половината биле здравствени работници.
Македонија е потписник на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, усвоена од Светската здравствена организација во 2003-та, која се смета за глобален договор за континуирано редуцирање на употребата на тутун и изложеноста на чадот од тутун.