Ново поскапување на дел од бензините

од Nikola Popovski
200 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 14.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,060%, кај дизелот за 1,541% , кај екстра лесното масло за 1,405% и кај мазутот зголемувањето е за 0,656%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,023%.

Од 16.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Слични содржини