Ново правило: Без убави жени на патеките на Формула 1

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Сопствениците на Формула 1 ставија крај на една долга традиција – користењето на жени модели при претставувањето на пилотите пред секоја трка.

Промената ќе стапи на сила од новата сезона која започнува оваа пролет.

Мотивот е дека оваа традиција е во „очигледна спротивставеност со модерните општествени норми“. По традиција присуството на модели се користи за рекламирање, откако девојките носат облека со имињата на спонзорите врз нив и ги држат табелите со имињата на натпреварувачите на стартната линија.

Нивните должности, исто така, вклучуваат учество во церемонијата на доделувањето на наградите, каде што ги придружуваат пилотите на патот кон подиумот.

Темата за сексизмот во мото-спортот дури доведе и до вклучување на машки модели во некои натпреварувања.

Слични содржини