Ново правило за влез во Грција: Задолжителен ПЦР-тест за деца постари од пет години

од Nikola Popovski
456 прегледи

Грција ги отвори своите граници на 19-ти април за туристите од ЕУ и неколку други земји, вклучително и Србија, под договорени услови, со ПЦР-тест или потврда за вакцинација, а новата промена се однесува на деца постари од 5 години, кои доколку ја преминат границата и тие мора да имаат негативен ПЦР.

„Секој патник кој доаѓа во Грција од странство, доколку нема потврда за вакцинација, мора да направи негативен ПЦР-тест од дијагностичка лабораторија, не постар од 72 часа и овој тест е задолжителен за сите туристи (вклучително и деца постари од 5 години), без оглед на епидемиолошката состојба што преовладува во земјата на заминување“ е наведено на веб-страницата travel.gov.gr.

Оваа одлука ќе важи од 19.04. односно од пробно отворање на сезоната, па се до 14 мај, ден кога се очекува регуларниот почеток на сезоната, пренесуваат грчките медиуми.

Патниците што влегуваат во Грција можат да бидат тестирани по случаен избор со брз тест. Оние што се тестираат се должни да бидат во изолација во домот додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици.

Слични содржини