Ново пребројување на неважечките ливчиња во Истанбул

од desk2
174 прегледи

Регионалната изборна комисија на Истанбул вечерва донесе одлука за одново пребројување на сите неважечки гласачки ливчиња од изборите за истанбулски градоначалник, што се одржаа во неделата.


Денешната одлука уследи откако по пребројувањето на гласачките ливчиња во 38 изборни окрузи, предноста на кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Екрем Имамоглу пред поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се намали од речиси 28.000 на над 19.500 гласови.
Според првичните неофицијални резултати од изборите објавени во понеделникот, Имамоглу освои 4.159.650 гласови, а Јилдирим – 4.131.761 глас.