Ново предупредување од Атина: „Прекршувањето на Преспанскиот договор не може да се толерира“

од Nikola Popovski
831 прегледи

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис испрати ново предупредување до македонските лидери откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова за време на инаугурацијата не го кажа уставното име.

Зборувајќи за спорот со Северна Македонија, Герапетритис истакнал дека еден од предусловите за унапредување на европскиот процес е почитување на Договорот од Преспа.

„Грчката влада сака да продолжи со имплементацијата на Договорот на секој начин, но мора да знаеме дека не може да има отстапки кога станува збор за спроведување на меѓународен договор, кој по дефиниција ги надминува внатрешните закони“, рекол грчкиот министер за време на неговата посета на Чешка, пренесува „Еuronews Greece“.

Герапетритис најавил дека Грција е за проширување на ЕУ, а природен пат за Западен Балкан е да стане дел од европското семејство.

„Грција внимателно ќе ја следи ситуацијата во Северна Македонија. Бараме од владата и претседателот на таа земја целосно да го имплементираат Договорот од Преспа. Отворени сме за понатамошни дискусии, но како што реков, прекршувањето на Договорот не може да се толерира“, заклучил тој.

Реагираше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој рече дека македонската претседателка направила „провокативен избор“, со тоа што го прекршила официјалниот текст на нејзината заклетва. Според него, кажувањето на името Македонија е незаконски и недозволен потег.

Слични содржини