Ново пукање во Америка, три лица убиени во трговски центар

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружен маж уби полицаец и уште едно лице во трговски центар во предградието на Денвер, пред да биде усмртен од полицијата.

Полицијата одговорила на повикот во понеделникот во 13:15 часот поради сомнителен инцидент во близина на библиотеката во градот Арвада, а околу 15 минути подоцна пристигнал повик поради истрели и застрелан полицаец, изјави заменик началникот на полицијата Ед Брејди на прес-конференција, пренесува АП.

Според изјавата, уште лице, за кое се верува дека било застрелано од напаѓачот, било пренесено во болницата каде починало, а напаѓачот исто така бил погоден и убиен при размена на оган со полицијата.

Властите не дадоа повеќе детали за инцидентот, ниту идентитетот на починатиот, но велат дека се верува дека никој повеќе не бил вмешан, иако полицијата претходно изјави дека има двајца осомничени.

Пукањето се случи во Арвада, 10 километри од центарот на Денвер, во градскиот кварт каде се наоѓаат продавници, ресторани и други деловни активности, и само три месеци откако вооружен напаѓач пукаше во супермаркет и уби 10 лица, вклучително и полицаец, во Болдер , на околу 32 милји од Арвада.

Слични содржини