Ново пукање во САД, седуммина мртви (видео)

од Nikola Popovski
331 прегледи

Зачестија пукотниците во САД во последните неколку недели. Седум лица, вклучително и напаѓачот, биле убиени вчера при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо.

Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и започнал да пука.

Според извештаите на медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите, пренесува Танјуг.

Меѓу жртвите е и лицето за кое била организирана прославата, што се одржала пред камп-приколка.

Меѓу собраните имало и деца, но сите жртви биле возрасни.

Полицијата соопштила дека по пристигнувањето на местото на злосторството открила шест мртви лица, додека седмиот им подлегнал на повредите во болницата.

Истрагата за мотивите на нападот се во тек.

Слични содржини