Ново пукање во Чаир – оштетени куќи и две возила

од Nikola Popovski
26 прегледи

Синоќа повторно дошло до пукање во Чаир, информираат од полицијата. Според информациите, причинета е материјална штета.

-На 27.10.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрчјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила во сопственост на А.С (40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л (35), стои во полицискиот билтен.

Нема информации за повредени лица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред две недели исто така имаше пукање во оваа скопска населба. Рането беше едно лице, а обвинет е Акиф Равманоски кој претходно беше помилуван од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Претходно дојде до уште една престрелка во близина на маркетот Веро во која беше повреден 19-годишен скопјанец.

Слични содржини