240
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска е закажано рочиште за судскиот процес за обвинетите за случувањата од 27 април во Собранието.
Судскиот процес се наоѓа на почеток, а минатото рочиште се одложи за обвинетите да извршат увид во доказите од предметот.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.
Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.