Ново рочиште за „ Плацеви на Водно”, претходните две беа одложени

од Берта Китинска
267 прегледи

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Минатото судење за случајот „Плацеви на Водно” се одложи поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуство на јавна седница во друг предмет.

Претходното рочиште пак кое требаше да се одржи на 30 август, беше одложено поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова.

Првообвинет во овјо случај е поранешниот премиер, Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.

Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Слични содржини