Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“ закажано за наредната недела

од Берта Китинска
201 прегледи

На рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во Основниот кривичен суд во Скопје, Обвинителството и одбраната изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, кои Судот ги прифати.

На следното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“ кое ќе се одржи во вторник ќе бидат презентирани дополнителни докази од страна на одбраната кои произлегуваат од главната расправа. Покрај тоа, на наредното рочиште ќе се изнесе и вештачењето на вештакот Ѕвонко Кочовски кој се однесува на вредноста на системот за следење на комуникации на денот на уништувањето.

По изведување на дополнителните докази на ред ќе дојдат завршните зборови, па пресудата за „Таргет – Тврдина“. Ова се очекува да биде во февруари или март.

Слични содржини