Ново сценарио: Фахризадех е убиен од митралез со далечинско управување

од Nikola Popovski

Атентатот врз иранскиот научник Мохсен Фахризадех е извршен од далечински управуван митралез од растојание од 150 метри, што е во спротивност со претходните извештаи за вооружен напад од непознати лица врз неговите телохранители.

Главното безбедносно возило ја напуштило придружбата за да се подготви за пристигнувањето на Фахризаде во Абсард, кој е оддалечен 70 километри од Техеран, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на иранската агенција Фарс.

Според неименувани извори на кои се повикува агенцијата, токму тогаш бил застрелан автомобилот во кој биле убиени Фахризадех и неговата сопруга.

Возилото експлодирало по пукањето

Научникот, се наведува, излегол од возилото, бидејќи сметал дека станува збор за сообраќајна несреќа или дека нешто не е во ред со возилото.

Како што се додава, научникот бил застрелан од митралез кој бил монтиран во пикап марка „Нисан“ на 150 метри од местото на убиството.

Се додава дека телохранителот на Фахризадех бил неколкупати погоден, а возилото експлодирало по пукањето. Агенцијата наведува дека неидентификуваниот сопственик на Нисан ја напуштил земјата.

Оваа информација е посочена дека не е во согласност со претходните извештаи.

Иранскиот новинар Мохамед Ахвазе, кој живее во Лондон, изјавил дека нападот го извршила група добро обучени оперативци, на кои им била пружена логистичка поддршка од тим од 50 лица инфилтрирани од иранската тајна служба.

Тие, наводно, ја исклучиле електричната енергија во областа каде што бил извршен нападот, со цел да се забави секој одговор.

Иран го обвинува Израел за убиство

Ахвазе се осврнал на информациите од иранските владини претставници и елитната Револуционерна гарда, вклучувајќи ги и информациите дека напаѓачите точно знаеле каде ќе биде Фахризадех.

Напаѓачите ја пресретнале придружбата со автомобил „Хјундаи Санта Фе“ и четири мотоцикли.

По автомобилот пред возилото со кое поминувал научникот, напаѓачите го кренале во воздух „Нисанот“ за да го блокираат возилото зад него.

Потоа, рече тој, тие отвориле оган кон автомобилот на Фахризаде и безбедноснотото возило што било пред него. Фарс објави и друг текст, во кој се наведува дека очевидци потврдиле дека иранскиот научник бил нападнат од група вооружени мажи.

Високи ирански официјални лица велат дека Израел стои зад убиството, обвинувајќи го Фахризадех за водење програма за нуклеарно оружје.

Израел сè уште не се огласил по тој повод.

Слични содржини