Регионот се уште е потресен од грозоморното претепување на девојчето во Гроцка, а сега се појави уште едно страшно видео на кое се гледа како татко ја тепа својата ќерка.
Игор Јуриќ, основачот на фондацијата Тијана Јуриќ, го објави ова видео на социјалната мрежа, тврдејќи дека на него се гледа како татко ја тепа својата ќерка.
На видеото се гледа како мажот најпрвин ја удира својата ќерка во стомакот, по што почнува силно да ја удира по главата. Во еден момент девојката седнува на клупата, но тој ја зема влечејќи и ја јакната. Потоа ја соборува на земја, а потоа повторно почнува да ја клоца во стомакот.
Како што напиша Јуриќ во описот на оваа објава, се претпоставува дека се работи за семејство кое доаѓа од Кина и напоменува дека „ќе поднесат кривична пријава и против ова чудовиште“, пренесоа српските медиуми.