Нема да го видиме Samsung Galaxy Fold на европскиот пазар, барем до 3 мај 2019 година, но тоа не
ги спречува талентираните уметници да го портретираат во нивните дела. Да ја понудат својата
визија за тоа како ќе изгледа новата генерација на корејскиот гигант.

И под следната генерација немаме предвид актуелниот Galaxy Fold, туку неговиот потенцијален
наследник. Нема што да се лажеме – таков ќе добиеме 100%.
Во овој случај зад впечатливото видео стои популарен дизајнер, кој работи под прекар Concept
Creator. Тој практично ги решава повеќето „непријатности“ на првата генерација на телефон со
дисплеј на пеклопување на Samsung.
Во овој случај, зборуваме за отсуство на слотови и минимални рамки, како и за додавање на 3.5
милиметарски џек за слушалки.