Ново задолжување: Мицкоски ќе потпише договор „влада со влада“ со друга европска земја

од Nikola Popovski
68 прегледи

Се уште не се објавени деталите од Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и условите за заемот од 6 милијарди евра, премиерот Христијан Мицкоски најави потпишување на нов договор „влада со влада“ со друга европска земја.

-Што се однесува до патната инфраструктура, гледате дека како никогаш досега се работи на три автопати. Очекувам многу скоро да го заокружиме процесот на „влада со влада“ и договор со една друга европска држава во кој ќе бидат опфатени сите локални, регионални и експресни патишта – реконструкција на постојните и изградба на нови, рече Мицкоски при посетата на општина Делчево.

Премиерот најави дека повеќе информации ќе бидат обелоденети до крајот на месецов, евентуално на почетокот на месец јуни, како и името на земјата од која ќе се задолжиме.

Ова ќе биде трет договор со заем од европска земја откако лани Македонија потпиша договор со Унгарија за специјална економска соработка и позајмица од 500 милиони евра.

Слични содржини