175
Со новата одлука која ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ се зголемуваат цената на горивата во просек за 2.2%. Дизел горивото ќе се продава по цена повисока за еден денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство по повисока цена за денар и половина.
Од 16.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 57,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,211 (денари/килограм)