Подолго време цената на горивата во Македонија се зголемува. Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Изминатава недела цената на нафтата на светските берзи се зголеми, во некои моменти и за над 100 проценти, а по украинско-руската војна.
Од понеделник очекуваме ново зголемување на горивата, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Според него, рано е да се каже колку ќе биде тоа зголемување, но дека се разгледуваат последните анализи.
-Минатата недела беше мошне лоша, а тргувањата се зголемија. Не знаеме се уште за колку ќе се зголемат горивата. Сето она што се случува на берзите влијае кај нас, појасни Бислимовски.
Претседателот на РКЕ додаде и дека речиси сите земјите од регионот имаат поголема цена на горивата од нас, особено кога се работи за дизелот.
Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм).