Новото момче на Цеца ја објави првата фотографија со неа: Широки насмевки и многу емоции (ФОТО)

од Nikola Popovski
289 прегледи

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ заминала во Копаоник со своето момче Богдан Срејовиќ и неговата ќерка Искра. Цеца неколку пати преку профилот на Инстаграм покажала како се забавува, а сега Богдан за првпат објави фотографија на која се гледаат тој и Цеца и остатокот од друштвото.

Имено, Цеца и Богдан отишле во ресторан со пријателите, а тој се пофали со заедничката фотографија на својот Инстаграм профил. Цеца и нејзиниот нов избраник не ги симнале насмевките од лицето.

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.

Пејачката ретко зборува за својот љубовен живот, а својот нов партнер го запознала на роденденската забава на еден пријател. Малкумина го познаваат новото момче на Цеца, бидејќи тој не е од јавниот свет.

Според српските медиуми, Цеца го запознала Богдан со децата Анастасија и Вељко. Тоа се случи на новогодишната ноќ, на 31 декември, кога угостителот првпат дошол во куќата на пејачката на Дедиње. Балканската sвезда најпрво им кажала на своите наследници дека повеќе не е сама и дека има нова љубов во која сака да ужива.

Слични содржини