Новото поглавје на современата уметност

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Фотографиите на Изабел Стахал се ново поглавје во современата фотографија, која повеќе се доближува до метафизичкиот контекст на уметничкото. Иако, фотографијата како арт визуелизација,,често е на критичкиот „нож“ дека не претставува чиста уметничка форма, токму Стахл ги руши овие стереотипи, побивајќи ги тезите за уметноста како дуалистички концепт на надреалното. Иако мотивите се земени од секојдневието, Стахл им дава посебна визура со која ја пренесува пораката за необичното во обичниот свет.