Новото соопштение на Меган и Хари ја покажува нивната злоба и расипаност!?

од Elena Daskalova

Меган Маркл и принцот Хари објавија ново соопштение во врска со зборот „кралски“ кој од неодамна им е забранет за употреба.

Соопштението излезе откако британските медиуми објавија дека Меган и Хари не смеат да ја користат ознаката „Сасекс ројал“. Но, тие сепак ги имаат задржано титулите војвода и војвотка од Сасекс, но не ги користат активно.

Според британските медиуми, новото соопштение на Меган и Хари има остар и непријателски тон:

„Иако не постои јурисдикција на монархијата околу употребата на зборот ‘кралски’ на другата страна од океанот, војводата и војвотката од Сасекс немаат намера да го користат истиот збор на која и да е територија, било да е во Обединетото кралство или надвор од него“, порачале тие.

„Иако постојат преседани во кои другите членови на семејството барале работа надвор од кралските должности, за војводата и војвотката од Сасекс важат поинакви правила. Според договорот, тие ќе отстапат од должностите, ниту пак понатаму ќе преземаат каков и да е чекор во Нејзиното име.“

Според експертите за кралското семејство, ваквите изјави се полни со бес и навреди кон кралицата, а потенцираат дека Меган и Хари мораат да направат нова ПР-стратегија пред трајно да ги уништат односите со членовите на кралското семејство.

Слични содржини