Министер од Нов Зеланд, задолжен за одговор на пандемијата со Ковид-19, Крис Хипкинс, изјави дека делта-сојот на коронавирусот „менува се од корен“ и ги прави постојните мерки за заштита „многу помалку соодветни“. Никој не е заразен во Нов Зеланд веќе шест месеци, но властите неодамна воведоа строг локдаун откако беше откриен еден заразен со најзаразниот сој досега.
Според него, доаѓањето на делта варијантата „донесе некои многу големи прашања“ за одговорот на пандемијата во Нов Зеланд.
Хипкинс за локалните медиуми изјави дека елиминацијата на вирусот останува цел на новозеландските власти.
„Реалноста ни кажува дека вирусот се шири 24 часа откако лицето ќе се разболи и тоа значително менува се од корен. Тоа значи дека сите наши постоечки заштитни мерки почнуваат да бидат многу помалку адекватни и слаби, што отвора големи прашања за долгорочните планови“, нагласи Хипкинс.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 21 случај на коронавирус во Нов Зеланд. Вкупно 72 луѓе сега се заразени, а седум училишта во Окленд пријавиле нови ковид-случаи меѓу учениците.
Фото: Li Qiaoqiao/Xinhua/ZUMA Press