НСДП дава поддршка: Владата храбро да истапи и да го прифати предлогот

од Берта Китинска
141 прегледи

Извршниот одбор на НСДП сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија ставајќи го во преден план, како што е наведено, државниот интерес во преден план и имајќи ги предвид „политичкиот моментум во кој се наоѓа земјата исправена пред стратегиски предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата“.

-Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија.

НСДП при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата.

Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог.

НСДП бара Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“ и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година., соопштија од партијата на Мисовски.

Слични содржини