НСДП ќе биде дел од коалицијата преводена од СДСМ и на претстојните локалните избори

од Vladimir Zorba
97 прегледи

НСДП денеска во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на престојните локални избори.

„На седницата беше донесена одлука за продолжување на партиципацијата во коалицијата преводена од СДСМ и на претстојните локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за убедлива победа на кандидатите за градоначалници и листите за советници од колацијата предводена од СДСМ.

Со победата на локалните избори отпочнатиот процес на реформи и декриминализација на институциите на системот ќе продолжи и на општинско ниво“, се вели во соопштението на НСДП.