НСП бара наградa за повредени полицајци откако малолетничка избоде нивен колега

од Nikola Popovski
55 прегледи

Поттикнати од последниот случај каде малолетничка прободела со нож полицаец од Куманово при извршување на работни задачи од областа на јавниот ред и мир, Независниот синдикат на полицијата бара од раководителите на организациските единици да го користат правото предвидено во член 180 од Колективниот договор и да поднесат предлог за награда за секој полициски службеник кој ќе биде повреден при извршување на работните задачи.

-Пожртвуваноста и професионалноста на полициските службеници мора да биде истакната и наградена со цел мотивација и поддршка во креирање на еден поквалитетен безбедносен систем, се вели во објавата на Независниот синдикат на Полицијата, објавена на нивната Фејсбук страница.

Во билтенот на МВР стои дека шест лица од Куманово биле приведени по групна тепачка во центарот на градот, при што малолетничка избодела полициски службеник.

„На 29.07.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во пресметката се вклучила и една малолетничката која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обидот да интервенира.

Слични содржини