„Кислород, кислород! Може ли да ми дадете кислород“, уплашено прашала наставничк чиј 46-годишен сопруг се бори со коронавирус во болницата во Делхи, кој останала без кислород.
Дописникот на Би-Би-Си од овој индиски град, Сутик Бисвас, смета дека оваа ситуација се повеќе се повторува.
Ова е уште еден ден во градот каде дишењето стана луксуз за многумина. Се јавувал на разни телефонски броеви, испраќал СОС пораки. Покрај бучните звуци на медицински помагала, се слуша и една жена која вели дека кислородот снабден за нејзиниот сопруг паднал на опасно ниски 58 проценти. Нешто подоцна, за среќа, се искачил на 62 проценти.
Се смета дека треба да се побара медицинска помош ако процентот на кислород падне под 92 проценти.
Нејзиниот сопруг сè уште може да зборува и е свесен.
За да им помогне, Бисвас испратил порака до пријател кој е лекар и работи на интензивна нега.
„Пациентите остануваат свесни дури и кога сатурацијата паѓа на 40 проценти“, вели лекар преку порака.
Шокантни сцени во весниците
Бисвас го зема весникот. 25 критично болни пациенти починаа во позната приватна болница. Кислородниот притисок во одделот за интензивна нега е намален и многу пациенти примаат кислород рачно, објавиле од болницата. На насловната страница има фотографија на која двајца мажи и една жена делат резервоар со кислород. Тројца странци, кои се зафатени од трагедијата предизвикана од релаксација на јавноста и невниманието на владата, заеднички го делат спасот.
Во извештајот на весниcите се вели дека 40-годишниот син на еден од мажите починал пред таа болница пред неколку дена, чекајќи кревет.
„Сепак, тој успеа да набави носилка“, се вели во текстот.
„Ожалените Индијци сега се благодарни кога добиваат носилка за телата на своите најблиски, кога веќе не можат да обезбедат кревети, лекови или кислород за да ги спасат најблиските“, посочува дописникот на Би-Би-Си.
Луѓе умираат, лековите се продаваат на црниот пазар
Како што одминува денот, Бисвас сфаќа дека ништо не се сменило. Пациентите умираат затоа што нема кислород. Сè уште има малку лекови и тие се продаваат на црниот пазар. Паниката расте, лековите се натрупуваат како да е воена состојба. На многу начини, ова е воена состојба.
Учителката повторно се јавува. Болницата нема дури и резервен мерач на проток на кислород, па затоа мора таа сама да го набави. Бисвас повторно е на телефон, испраќајќи апели преку Твитер. Некој успеал да најде уред кој служи за регулирање на снабдувањето со кислород од резервоарот.
Работите одат од лошо кон полошо
Наспроти она што го вели владата, вели тој, работите одат од лошо кон полошо. Резервоарите за кислород не стигнуваат навреме во градот за да спасат пациенти. Нема кревети, има малку лекови. Дури и привилегираните Индијци не можат повеќе да го достигнат тоа.
Во попладневните часови, уредникот на списанието се јави лво болницата, барајќи резервоар за кислород за болен пациент што го познава.
Во станбената зграда во која живее Бисвас, станарите се обидуваат да купат концентратори на кислород во случај некој да има потреба од помош при дишењето. Педесет и седум жители билр заразени и изолирани во своите домови. Пациентите се оставени сами на себе. За многумина, тоа е бавна и постепена смрт.
„Дури и да умирам, сè додека не умрам, сè уште сум жив“, напишал неврохирургот Пол Каланити во своите мемоари „Кога здивот станува зрак“.
„Денес во Индија има малку милост за оние на кои им е потребен кислород“, заклучува Бисвас.