496
Во главниот град на Индија, Њу Делхи, недостасува место за кремирање на починатите од ковид-19.
Бројот на смртни случаи постојано расте. Вчера во Њу Делхи се регистрирани 380 смртни случаи, објави Би-Би-Си.
Недостасува медицински кислород, кревети во единиците за интензивна нега и клучни лекови.
Персоналот на крематориумот работи во текот на целата ноќ, а роднините на починатите помагаат во кремирање, носат дрва и помагаат во други ритуали. Семејствата честопати мора да чекаат со часови пред да им дозволат да ги кремираат своите мртви.
Најмалку 27 нови платформи се изградени во крематориумот Сарај Кале Кан во главниот град, а други 80 се додадени во паркот околу постојната структура.