Њу Орлеанс победи над домаќинот Портланд со 111:102 и поведе со 2: 0 победи во плеј-оф серијата од првиот круг во Западната конференција на НБА.
Дру Холидеј се истакна со 33 поени и 9 асистенции, Ентони Дејвис заврши со 22 поени и 13 скока, а Ражон Рондо беше близу до „трипл-дабл“ со 16 поени, 10 скока и 9 асистенции.
Никола Миротиќ постигна тројка три минути пред крајот и гостите поведоа со 102: 100, и до крајот не дозволија пресврт.
Џеј МекКалум заврши со 22 поени и 6 асистенции за Портланд.
Средби од првото коло во плеј-офот на НБА (се игра до четири победи во седум натпревари):
Источна конференција
Торонто – Вашингтон – 130: 119
* Торонто води со 2: 0 во серијата.
Бостон – Милвоки – 120: 106
* Бостон води со 2: 0 во серијата.
Западната конференција:
Портланд – Њу Орлеанс – 102: 111
* Њу Орлеанс води со 2-0 во серијата.