221
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека ги информирала катарските посредници дека е подготвена да ослободи до 70 жени и деца кои се заробени во Појасот Газа во замена за петдневно примирје.
„Примирјето треба да вклучи целосен прекин на огнот и да овозможи испорака на хуманитарна помош ширум Појасот Газа“, изјави портпаролот на Хамас Абу Убаид, пренесе „Ројтерс“.
Тој ги обвини израелските власти дека избегнуваат договор по ова прашање.
На 7 октомври, кога започна нападот врз Израел, Хамас зеде како заложници повеќе од 200 луѓе и тие се во Појасот Газа.