Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул откри дека повеќе од 12.000 луѓе починале од Ковид-19 отколку што беше официјално објавено за време на нејзиниот претходник, правејќи го првиот чекор кон исполнување на ветувањата за поголема транспарентност на работа.
Според податоците на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), државата има 55.400 смртни случаи од коронавирус, се вели во соопштението на Хочул, кој ја презеде функцијата гувернер во вторникот.
Тоа е зголемување за 12.000 од претходните 43.400 што ги објави гувернерот Ендрју Куомо пред неговата оставка поради вмешаност во сексуален скандал.
„Ние користиме броеви на ЦДЦ кои ќе бидат конзистентни“, рече Хочул, демократка, за „National Public Radio“.
Таа промена не прави разлика во тоа како стои државата Њујорк во споредба со другите во САД.
Њујорк се уште го зазема третото место по смртни случаи во земјата, зад Калифорнија и Тексас или втор по смртност во однос на населението, зад Њу Џерси, наведува Ројтерс.
По заклетвата во вторникот, Хочул ѝ вети на јавноста поголема транспарентност за да обезбеди Њујорчани повторно да ѝ веруваат на својата влада.