„Њујорк Тајмс“: ФИФА прво ги поддржа основачите на Суперлигата

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Според „Њујорк Тајмс“, ФИФА не била најискрена во осудата на Суперлигата на Европа, иако по нејзиното основање застана на страната на УЕФА. Американскиот весник пишува дека всушност Светската куќа на фудбалот имала состанок со основачите на ова натпреварување и дека ја поддржува идејата.

Во април се случи можеби најголемиот шок во историјата на фудбалот, кога 12 големи европски клуба решија да се отцепат од УЕФА и да направат свое натпреварување. Сепак, Суперлигата не живееше долго бидејќи англиските клубови излегоа од идејата, а Атлетико Мадрид ги следеше. Јувентус, Реал и Барселона се клубови кои изгледа дека не сакаат да се откажат од натпреварувањето и се чини дека ја имаат поддршката од ФИФА.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно бил во овој проект и бил свесен за планот што го имаат клубовите. Овој фудбалски службеник го поддржа и планот на клубовите да формираат ново натпреварување. Со Суперлигата, Инфантино зборуваше за победникот во ова натпреварување играјќи на Светското клупско првенство на ФИФА, а исто така било разговарано и за тоа како да се најде начин да не се казнуваат играчите во случај да играат во Суперлигата.

ФИФА подоцна официјално објави дека не го поддржува натпреварувањето и дека ќе го казни секој учесник во Суперлигата. „Њујорк Тајмс“ исто така напиша дека организаторите на Суперлигата биле шокирани затоа што останале без поддршка од Светската куќа на фудбалот.

Слични содржини