„Њујорк тајмс“: Москва ја засилува кампањата за бојкот на референдумот

од desk4
106 прегледи

  Москва прави големи напори за неуспех на референдумот на кој на 30 септември Македонците треба да се изјаснат дали прифаќаат влез на земјата во ЕУ и НАТО, објави синоќа „Њујорк тајмс“.

Главна цел на оваа пропагандна кампања која се одвива по македонските социјални мрежи и по медиумите е спречување на ширењето на НАТО.

Весникот нацедува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени.

Овие пари се дел од 120 милиони долари што Конгресот ги одвоил во 2016 и 2017 година за решително стопирање на руските напори со ширење лажни вести и хакирање во системите на демокартските институции и во изборите во САД.

– Средствата за борба против руската пропаганда во Македонија беа задржани цела година и допрва треба да бидат ефективно распределени, изјави за весникот анонимен извор.

Американската влада и доделила на Македонија дополнителни 2 милиона долари за зацврстување на владеењето на правото и борба против корупцијата. Изворот потврдил дека САД доделуваат на земјата повеќе милиони долари годишна помош во областа на безбедноста и одбраната.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денес доаѓа во официјална посета на Скопје.

– Во текот на својата престој овде Матис ќе ги повика Македонците да гласаат на референдумот, изјави Ерик Пахон, портпарол на Пентагон. Пентагон е на страната на Македонија и Матис ќе ја истакне важноста на тоа дека САД доделуваат 5 милиони долари годишна помош за безбедност и одбрана на земјата, додаде тој.

– Русија се обидува да ја убеди Македонија дека ќе биде напуштена од Запад, дека Русија има стабилно влијание на Балканот. Но тоа не е точно, изјавија од Пентагон.

Привлекувањето на земјата во орбитата на НАТО, преку промената на името, ќе го намали влијанието на Москва во регионот.

– Интеграцијата на Македонија во НАТО е еден од најстрашните кошмари на Русија, изјави Пахон.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, дипломатски извори наведуваат дека дневно на Фејсбук се појавуваат по 40 нови интернет страници кои агитираат и ги охрабруваат луѓето да го бојкотираат референдумот. Овие страници потекнуваат надвор од Македонија и го следат истиот модел на руското мешање во изборите во другите земји.

– Русите истураат големи суми пари кај опонентите на Договорот со Грција и ги поддржуваат националистичките политичари, изјави Мајкл Карпентер, поранешен висок соработник во администрацијата на Барак Обама и соработник во Пен Бајден центарот за дипломатија и глобален ангажман.

Слични содржини