Њујорк тајмс објави ВИДЕО од Буча: Руси егзекутираат група Украинци?

од Stefanija Kuzmanovska
774 прегледи

„Њујорк тајмс“ објави видео снимки на кои се гледа група украински затвореници во Буча кои се цел на руските војници и се принудени да се движат, неколку моменти пред да бидат погубени.

Снимката е направена на 4 март, на која се гледа група од девет Украинци подгрбавени, некои се држат за панталоните и појасите на лицето пред нив, а некои со рацете над главата. Тие поминуваат во колона низ улица.

На почетокот и на крајот на колоната се гледаат двајца вооружени руски војници кои ги пренасочуваат.

Осум сведоци изјавија за „Тајмс“ дека уапсените потоа биле однесени зад блиската деловна зграда, по што се слушнале истрели. Групата Украинци после тоа не се појавила повторно.

Снимките од дрон обезбедени од „Њујорк тајмс“, исто така, ги потврдуваат изјавите на сведоците; покажувајќи ги телата на истата група до деловна зграда додека руски војници стојат над нив.

Слични содржини