„Њујорк Тајмс“ пишува за Беливук, Вучиќ и фудбалската мафија

од Vladimir Zorba
503 прегледи

Американски „Њујорк Тајмс“, еден од најстарите дневни весници во САД, се занимава со темата мафија во српскиот фудбал и врската помеѓу претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија со неа.

Името на Вељко Беливук и неговата организација обвинети за сторени многубројни злосторства – од трговија со дрога преку изнуда до тортура и убиство – стигна до американскиот печат, а новинарот Ендру Хигинс во обемен текст на порталот ги запозна читателите со сè што се случи во последните неколку недели околу ФК Партизан.

Хигинс посвети посебно внимание на таканаречениот бункер на стадионот во Хумска, кој екипата на Беливук го користеше како свои простории.

„Надворешниот ѕид е обоен во црно-бело, со името што го користат навивачите на овој тим – „Гробари“. Името е заслужено. Српските љубители на фудбалот, барем оние кои го искористија пандемискиот период да се најдат под бучната јужна трибина на стадионот Партизан, и нивните подеднакво анархични ривали од Црвена звезда, имаат долга репутација за екстремно насилство“, гласи воведниот дел од текст

Потоа потсетува дека 14 навивачи на Партизан беа осудени по смртта на францускиот навивач на Тулуз, Брис Татон, кој почина во 2009 година по напад на навивачи на Партизан, и дека навивачки фракции на Партизан и Црвена звезда станале „сила на улица“. Новинарот на „Њујорк Тајмс“ се осврна и на апсењето на Беливук, конференцијата што ја одржа претседателот Александар Вучиќ заедно со министерот за внатрешни работи Александар Вулин, на која беа прикажани фотографии од осакатени тела за кои се сомнева дека се жртви на екипата на Беливук

Хигинс се прашува каде лежи врската помеѓу Беливук и сегашната српска влада.

„Фудбалските хулигани во Србија се контролирани од државата и тие го прават она што државата им кажува дека треба да го сторат“, рече за „Њујорк Тајмс“ Мирко Поледица, претседател на фудбалскиот синдикат „Независност“.

Хигинс понатаму потсети на зборовите на премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, дека „Беливук бил далеку од партнерк на Вучиќ“: „Добив информација дека неговиот живот е во опасност. Јасно е дека криминалните кланови развија силна врска со безбедносните структури. Мафијата не би била толку силна без поддршка“, потсети Хигинс на зборовите на Ана Брнабиќ.

Причината е – страв: „Нашите политичари се плашат од стадионот и неговите сили. Тие знаат дека од трибината лесно може се да се пренесе на улица. Тие сакаат контрола“.

Владимир Вулетиќ, поранешниот потпретседател на ФК Партизан, исто така се приклучи на Поледица.

„Беливук и Сале Мутави, кој беше убиен, ја презедоа трибината во Паритзан кратко откако Вучиќ стана премиер во 2014 година и почна да ги тепа сите што пееја против него“, рече Вулетиќ.

Конечно, Хигинс заклучи: „Обичните навивачи на Партизан никогаш не го прифатија како свој, туку како некој што го вметна Вучиќ со цел да ја дискредитира трибината на навивачите на неговиот најголем ривал“.

Слични содржини