Жителите на Њујорк Кара Малинс и Освалд Хименез се венчаа во автобус.
На церемонијата беа присутни 50 гости и случајни патници. Свадбата била пренесена во ТВ каналот NY1.
Причината да се венчаат на овој необичен начин е дека токму во автобус кој се движел по оваа линија двајцата се запознале пред 13 години.
Зетот признава дека романтичната идеја била негова, а невестата топло ја поддржала.