305
НУК доби покана од Министерот Венко Филипче за присуство на двајца претставници на состанокот на Комисијата за заразни болести. За време на состанокот НУК понесе со себе предлози со барања за нови мерки.
Пред се благодарност до медиумите што помогнаа и допринесоа Министерот Венко Филипче да го прифати нашето вчерашно барање и официјално не покани да бидеме присутни на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести со почеток во 08:15 часот каде се одлучува за иднината на угостителите и угостителската индустрија.
Се надевам дека на овој состанок нема да сме присутни само како посматрачи туку ќе имаме можност да ги доставиме и презентираме нашите барања до Комисијата за заразни болести по основ на постојните препораки – протоколи за работа на угостителските објекти.
Она што е значајно денес не ги водиме разговорите само и во име на членките на Независна угостителска комора. Денес ги претставуваме угостителите од цела Македонија членки во своите здруженија Еснаф од Битола, Прилепски меанџии од Прилеп, Тиквешки угостители од Кавадарци, Бисер од Куманово, ЗУТ Крушево од Крушево, Антигонеаод Неготино и Охридски еснаф од Охрид.
Доставените барање се заеднички барањата и очекувањата на најмалку 500те реномирани угостители здружени во овие здруженија и илјадниците угостителски работници вработени кај нив.
И да бидеме јасни угостителите максимално ги почитувале и ќе ја почитува секоја одлука и препорака што Комисијата за заразни болести ќе даде кон Владата. Владата ќе треба да има предвив во своите одлуки дека доколку донесе одлука за целосен локдоун на угостителството угостителите ќе очекуваат да бидат соодветно обештетени поради ускратувањето на можноста за работа.
Да не заборавиме, угостителите даваат максимален придонес во се што можат да помогнат и допринесат во превенциијата и спречувањето на ширењето на пандемијата од Ковид 19, и се првите кои ги започнаа кампањите за подигнувањето на #јавната свест во интерес на #јавното здравје за препоракаа да се држи #дистанца , затоа што #животот мора да продожи