Десетти мај 2021 година е последниот ден за пријава за финансиска поддршка за угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30. И покрај радикалниот чекор на владата со новиот пристап на шестиот сет економски Ковид-19 антикризни мерки за неповратна финансиска помош и поддршка на сите угостителски објекти со јавниот повик сепак дел од угостителите кои беа затворени со истата одлука на Владата и исто така им беше забрането за работат ќе останат без право и можност да аплицираат односно да поднесат пријава за финансиска помош, соопштија денеска од Независната угостителска комора (НУК).
Со одлука на Владата, донесена на ден 05.04.2021 година им беше забрането да работат со гости на сите угостителски објекти а не само на угостителските објекти регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30. Затоа, според НУК, Владата мора итно да направи промена во јавниот повик и да им овозможи и дозволи на сите угостители и угостителски објекти кои беа затворени да се пријават за финансиска поддршка која им следува.
„Ги известуваме сите угостители со угостителски објекти без разлика која приоритетна шифра на дејност имаат во својата тековна состојба доколку со Одлуката на Владата донесена на ден 05.04.2021 година беа затворени и им беше забрането да работат со гости да поднесат пријава за финансиска поддршка во наведениот рок како би можеле да им овозможиме да го остварат своето законско право на финансиска помош која им следува. Во својата пријава што ја доставуваат доволно е да приложат МТУ за вршење на дејност заедно со информација за фискалните принтери со кои работат.
За сите оние што вршат дејност 55.10 кои во своето работење имаат угостителски дел за исхрана (ресторани) кои работат со гости од надвор и кои исто така за периодот на кој се однесува мерката беа затворени да ги поднесат своите пријави за финансиска поддршка и истите да ги поткрепат со информација од своето сметководство за остварените приходи по основ на фискални извештаи за наведените периоди од угостителскиот објект каде ја вршеле дејноста за подготовка на оброци и служење на храна
Владата НЕ СМЕЕ да дозволи неправда со една одлука да ги затвори сите угостителски објекти, а со друга одлука да им овозможи неповратна финансиска поддршка само на дел од истите само затоа што законската регулатива не обврзува и не задолжува вршењето на угостителска дејност да биде исклучиво преку шифра на дејност 56 која се однесува за подготовка на оброци и служење на храна. Мерката од 6-тиот сет мора да поистоветува со презентираните начини на надомест на штетите за сите угостители и угостителски објекти кои беа затворени.
Факт е дека сите оние што претрпеле штета од одлуката со која беа затворени имаат еднакво право на оваа мерка со кој мора да има реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош на сите угостители и затекнати угостителски работници“, се додава во денешното соопштение.